ДИРЕКТЕН ПРЕНОС ОД ОСКАРИТЕ НА МТВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонската телевизија ќе врши директен пренос од 97. церемонија на доделување на Оскарите, во ноќта на недела спрема понеделник.

Преносот ќе започне триесет минути по полноќ со Црвената патека пред театарот Долби во Холивуд со  пристигнувањето на ѕвездите филмската индустрија, кратки интервјуа со номинираните и со поранешни добитници на Оскар.

Во еден часот по полноќ започнува Оскаровската церемонија која ќе ја води Конан О’Брајан, а многу холивудски ѕвезди ќе бидат дел од шоуто, како Роберт Дауни џуниор, Килијан Марфи, Опра Винфри, Хале Бери, Скарлет Јохансон, Голди Хон, Селена Гомез и многу други. Оскарите ќе ги коментира Миланка Рашиќ (фото) а скратената двочасовна снимка „97-ми Оскари: Победници“ ќе се емитува в понеделник од 21.15.