Претставата „Диши“ на Драмски театар денеска (16 август) гостува на Бриони во Хрватска на летното издание на фестивалот на Регионалната унија на театри РУТА. Претставата ќе биде изведена на големата сцена на театарот „Улисес“.
Претставата е работена по текстот „Диши“ (Бели дробови) на Данкан Макмилан, режисер е Димче Николовски, а драматург Александра Бошковска. Преводот го направи Благоја Бошковски.
Сценографијата е на Илија Николовски, а костимограф е Раде Василев. Во претставата играат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.