ЕЛЕН ПЕЈЏ СЕ ВЕНЧАШЕ СО ПАРТНЕРКАТА ЕМА ПОРТНЕР

Њујорк, (АП)

Ѕвездата од филмот „Џуно“, Елен Пејџ, се венчаше со нејзината партнерка Ема Портнер.

Триесетгодишната актерка ја сподели веста со серија фотографии на Инстаграм, а на една од нив дланките им се допираат, прикажувајќи ги венчалните прстени.

„Не можам да верувам дека ќе ја наречам оваа извонредна жена моја сопруга”, напиша Пејџ.

Осум години помладата Портнер е танчарка, предава современ џез на Бродвејскиот танцов центар во Њујорк и работела кореографии за Џастин Бибер.

Пејџ објави дека е лезбејка во 2014 година, кога говореше на конференција за тинејџерска хомосексуалност.

„Денеска сум овде, бидејќи сум хомосексуалец”, рече таа, поттикнувајќи овации.