Актерката Емилија Кларк изјави дека е неверојатно што заедно со мајка ѝ ја добија витешката титула МБЕ (Член на Британската Империја) за нивната работа за подигнување свест за повреди на мозокот. Ѕвездата на „Игра на тронови“ преживеа два мозочни удара на свои 20-ти години и потоа основа хуманитарно здружение во 2019 заедно со мајка ѝ Џени.
„Можам во името на двете да кажам дека титулата е за каузата и за добротворството и затоа ова е неверојатно. И, кој не би сакал да оди во палатата? Прашав дали можам да си го земам кучето, но очигледно тоа не е дозволено“, изјави 37-годишната Кларк.
Се верува дека тие се првите мајка и ќерка кои во исто време ја добиваат истата кралска титула.
Кларк кажа дека е чудо што денес може да зборува за мозочните удари од 2011 и 2013 година. Првиот го доживеала во теретана набргу по снимањето на првата сезона на „Игра на тронови“, а по излегувањето од болница открила дека не постојат соодветни поддршка и рехабилитација.
Откако конечно со јавноста ги сподели своите искуства, Кларк и мајка ѝ го формираа здружението „SameYou“,
„Увидовме дека многу малку луѓе имаат пристап до вистинска рехабилитација. Дури и мала повреда на мозокот е всушност голема повреда“, вели Кларк.
(Фото: ПА)