ЕМИНЕМ НАВЕСТИ ДЕКА Е ВО ВРСКА СО НИКИ МИНАЖ

Лос Анџелес, (АФП)

Најпродаваниот рапер на сите времиња Еминем ги подреа гласините дека е во врска со пејачката Ники Минаж. Тој го навести ова за време на неговиот настап на фестивал во Њујорк.

„Ќе ви кажам нешто за Ники што дури ни таа не го знае“, ѝ се обрати Еминем на толпата, по што извика:

„Одиме заедно. Тоа е сè што сакав да кажам. Ви благодарам што ми дозволивте да го извадам тоа од моите гради”.

Минаж, една од највлијателните жени во хип-хопот, ја навести врската со Еминем на крајот на минатиот месец, кога објави на Инстаграм еден стих од песната „Биг бенк“ на раперот Џеј Џи, во кој се спомнува Слим Шејди, алтер-егото на Еминем. Еден обожавател тогаш ја праша дали е во врска со Еминем, а таа кратко одговори „да”.