Фаготистот Зоран Митев вечерва (8 јули) од 20:30 часот ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба во рамките на Скопско лето, со кој слави 40 години уметничка кариера. Ќе настапат и членовите на Уметничкиот центар „Полифонија“, Сања Шуплевска и Александра Колевска на виолина, Сашка Крстиќ на виола, Игор Шкерјанец на виолончело и Ѓорѓи Цинциевски на контрабас.
На концертот ќе бидат изведени дела од Гордон Џејкоб, Томислав Зографски, Ларс-Ерик Ларсон, Драган Шуплевски и други.
Митев добил неколку награди за прво место на републички и државни натпревари како солист и како член на камерни состави и има издадено осум албуми, од кои шест авторски и два коавторски. Активен е и во педагошката улога во музички училишта во Словенија.