90 АНИМИРАНИ ФИЛМОВИ НА ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ ФЛИПБУК

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Деведесет кратки анимирани филмови од цела Европа ќе бидат прикажани на второто издание на фестивалот Флипбук, што трае од денеска до 15 август. Проекциите ќе се одржуваат во паркот на Младински културен центар во Скопје и онлајн преку платформата Синесквер.

Во официјална конкуренција се 19 филмови, вклучувајќи два домашни: „Живот во меур“ на Никола Дрвошанов и Натали Мекмеон и „Збрчкано“ на Горан Димов.

Од останатите македонски автори, „ГамГам“ на Кристина Даниловска е дел од Студентската програма, а „Кројач на судбини“ на Тоде Ристо Блажевски од програмата Европска панорама. Во рамките на фестивалот има и програма за анимирани музички спотови, во која учествуваат Гоце Илиевски, Ивона Ѓорѓиовска и групата „Искра“.