„Ворнер брос“ потврди дека ќе се снима втор дел на „Аквамен“, откако тој ги надмина очекувањата на компанијата.

„Аквамен 2“ ќе биде продуциран од режисерот на првиот дел Џејмс Ван, а сценариото повторно ќе го пишува Дејвид Лесли Џонсон-Мекголдрик. Засега нема потврда дали Ван ќе се врати како режисер.

Оваа вест не е никакво изненадување, имајќи предвид дека „Аквамен“ стана најуспешниот филм од универзумот на „Ди-Си комикс“, заработувајќи 1,12 милијарди долари на светско ниво, а му претстојат уште неколку недели кино прикажување.

Џејсон Момоа ја играше насловната улога во „Аквамен“, покрај Амбер Хрд, Вилем Дефо, Долф Лундгрен, Патрик Вилсон и Никол Кидман.