Холанѓанецот Давид Лоуф е уметникот кој стои зад неверојатните 3-Д шестаголни мурали, кои се појавија на згради од Берлин до Бронкс.

Лоуф пораснал со графити и хип хоп сцената на Амстердам и откако студирал графички дизајн, пред осум години повторно ѝ се вратил на уличната уметност и сега ги комбинира своите вештини за да создава динамични, апстрактни мурали низ цел свет. Неговото платно се ѕидови, на коишто се игра со различни структури и облици, но во основата на сѐ е шестаголник.

„За мене, ѕидовите се како игралиште за моите проучувања на шестаголната форма. Во мојот ум имам шестаголник, што потоа го пренесувам на ѕидот. Тоа е основата и почетокот на секое мое дело. Највозбудливиот елемент на моето сликање е што секое платно, секој ѕид е различен. Сите имаат различен облик“, вели Лоуф.