АЛЕКСАНДРА КАРДАЛЕВСКА НИЗ СКОПЈЕ ГО СНИМА КРАТКИОТ ФИЛМ „СЦЕНАРИОТО“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Режисерката Александра Кардалевска почна со снимањето на краткиот игран филм „Сценариото“, по нејзино сценарио. Продукцијата е на „Лајт продакшн“ во соработка со „Круг филм“ од Скопје и партнери од Албанија и Косово.

„‘Сценариото‘ зборува за неколку познати лика од литературата кои излегле од своите оригинални дела за да се сретнат во една фантастична приказна“, велат од продукцијата.

Играат Драгана Костадиновска, Огнен Дранговски, Атанас Атанасовски, Игор Ангелов, Симеон Дамевски и Ана Стојановска.

Продуценти на филмот се Александар Крстевски и Дејан Крајчевски, директор на фотографија е Душан Кардалевски, сценограф е Влатко Чачоровски, костимографка е Маја Ѓуреска, шминкерка е Снежана Ангеловска, а снимател на тон е Дарко Спасовски. Проектот е финансиран од Агенцијата за филм и ќе се снима на локации во Скопје до 24 декември.