АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ПО ТРИ ГОДИНИ СЕ ВРАЌА НА ФИЛМ СО „ГОСПОДАРКА НА ЗЛОТО 2“

Лондон, (Пипл)

Анџелина Џоли во Лондон го снима продолжението на филмот од 2014 година, „Господарка на злото“, кој заработи повеќе од 750 милиони долари низ светот. Ова го означува нејзиното прво појавување на филм од 2015 година, бидејќи во меѓувреме беше зафатена со хуманитарна работа, како и со режија и продукција.

Џоли и Фанинг на сет во Лондон (Фото: Инстаграм)

Актерката Ел Фанинг, која ја играше принцезата Аурора, објави фотографија со Џоли на Инстаграм, со што ги потврди повеќемесечните најави за стартот на снимањето на филмот.

„Дизни“ објави дека и Мишел Фајфер ќе се се приклучи на продолжението на филмот, кој е модерна верзија на бајката „Заспаната убавица“.

Вториот дел започнува неколку години по настаните во првиот филм и ги следи Господарката на злото и Аурора како соработуваат за да го заштитат царството. Филмот неодамна почна да се снима и сѐ уште не е објавен датумот на премиерата.