„Бизнисот на задоволството“, политичкиот трилер во режија на Гоце Цветановски, вечерва (19 декември) ќе ја има својата азиска премиера во Индија. Тој ќе биде прикажан на 21. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Ченај, при што е дел од официјалната селекција во програмата World Cinema Competition.
Дебитантскиот долгометражен игран филм на Цветановски досега беше селектиран на повеќе од 20 филмски фестивали во Европа, Северна Америка, Јужна Америка и Африка, на кои освои пет награди.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.