БЈОРК Е ПРОРОЧИЦА ВО ПРВАТА ФИЛМСКА УЛОГА ПО ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ (ВИДЕО)

Лос Анџелес, (Колајдер)

„The Northman“, епска викиншка приказна со Александер Скарсгорд, Никол Кидман, Ања Тејлор-Џој, Вилем Дефо и Бјорк, ќе излезе во кината на 8 април 2022.

Скарсгорд го игра викиншкиот принц Амлет, кој бара одмазда за својот убиен татко, кралот Хорвендил (Итан Хок). Приказната е заснована врз средновековната скандинавска легенда која послужила како инспирација за „Хамлет“.

Исландската музичка ѕвезда Бјорк е пророчица во својата прва филмска улога од „Dancer in the Dark“ од 2000 година, а во филмот се појавува и нејзината ќерка Исадора Барни.

„The Northman“ е третиот игран филм на Роберт Егерс, по хорорите „Вештерка“ и „Светилник“, кои го направија еден од најинтересните нови автори во Холивуд.