Првата испратена СМС-порака на светот ќе се продава на аукција во Париз како дигитално парче. Пораката ќе се продава во форма на незаменлив токен (НФТ), за што се добива дигитален сертификат за автентичност.

Програмерот од „Водафон“ Нил Папворт му ја испратил пораката на колега во декември 1992, кој ја примил додека бил на божиќната забава во компанијата. Пораката гласела „Среќен Божиќ“.

Вакви дигитални сертификати станувааат сѐ попопуларни. Првиот твит на основачот на Твитер, Џек Дорси, се продаде на аукција за 2,9 милиони долари. Се очекува првата СМС-порака да постигне далеку помала цена, меѓу 100.000 и 200.000 евра. „Водафон“ соопшти дека ќе ги донира парите.