„БОЕМСКА РАПСОДИЈА“ ДОАЃА ВО КИНА БЕЗ ГЕЈ СЦЕНИТЕ

Лос Анџелес, (Гардијан)
DF-02815_r – Rami Malek stars as Freddie Mercury in Twentieth Century Fox’s BOHEMIAN RHAPSODY. Photo Credit: Alex Bailey.

„Боемска рапсодија“ конечно доаѓа во кината во Кина, но без некои сцени.

За да може да добие дозвола за прикажување, од филмот ќе бидат отстранети сите моменти во коишто Фреди Меркјури (Рами Малек) се бакнува со други мажи и користи дрога, со што ќе биде цензурирано време од околу една минута.

Домашниот стриминг сервис „Манго“ дури го измени победничкиот говор на Малек на Оскарите, кога изразот „хомосексуалци“ во титлот го замени со „посебна група“.

И покрај огромната популарност на „Боемска рапсодија“ и неговиот комерцијален успех низ светот, дополнето со освојувањето на четири оскари, се очекува тој да нема широка дистрибуција во Кина.