БРАЌАТА ОВЧАРИ ОД „ПЛАНИНАТА НЕ ОДИ НИКАДЕ“ НА СЕЛИШКАР ГО ОСВОИЈА МАКЕДОКС

Mакедонската премиера на новиот долгометражен документарен филм „Планината не оди никаде“ на словенечката авторка, режисерка и продуцентка Петра Селишкар на 16. МакеДокс помина со овации и аплаузи Куршумли ан.
„Планината не оди никаде“ е приказна за браќа кои со своето стадо овци најголемиот дел од годината го поминуваат високо во планината, на околу 2.400 метри надморска височина под врвот Солунска Глава. Покрај овците, одгледуваат 30-ина шарпланинци, а единствениот контакт со цивилизацијата се нивните мобилни телефони, со кои ако сакаат да воспостават контакт мораат да се искачат на околните планински врвови.
На премиерата на филмот присуствуваа тројца од браќата – протагонисти во приказната – Зекир, Басри и Бесам и нивниот пријател Марјан, како и филмската екипа.

Режисерката Петра Селишкар изрази огромна благодарност до филмската екипа на соработката во изминатите, речиси шест години, колку што траеше продукцијата на филмот, и огромна благодарност до протагонистите на трпението и искрените намери со кои ја прифатија идејата и филмската екипа во нивниот планински дом.

Селишкар рече дека иако потекнува од Словенија, која е позната како планинска земја, сепак прва вистинска средба со животот во планината ја направила во текот на снимањето на филмот и дека открила еден свет што не го познавала.

На премиерата на филмот присуствуваа тројца од браќата – протагонисти во приказната – Зекир, Басри и Бесам и нивниот пријател Марјан, како и филмската екипа. (Фото: Македокс)

Зекир се заблагодари благодарност за времето што го посветиле да го гледаат филмот во кој тој е протагонист, посакувајќи им на сите да се гледаат само за убаво. На прашањата од публиката за условите во кои живеат, но и на начинот на живот со толку многу кучиња кои им се неопходни за чување на стадото овци во планината, Зекир рече дека кучињата имаат внимателен и грижлив однос кон луѓето, а стануваат агресивни кога кон стадото ќе наближи некое диво животно.

Филмот е копродукција меѓу Словенија, Франција, Македонија преку продуцентските куќи „Петра Пан Филм“ (Словенија), „Синефаж продукција“ (Франција), ППФП (Северна Mакедонија) во копродукција со РТВ Словенија.
Сценариото е на Петра Селишкар и Танкред Ривиер, директор на фотографија е Бранд Ферро, монтажери се Лорелин Делом и Сашко Потер Мицевски, музиката е на Изток Корен, дизајнот на звук е на Владимир Ракиќ, а фоли-артист и едитор на звучни ефекти е Вера Галешев. Продуценти се Петра Селишкар, Виктор Еде и Сара Ферро, а извршни продуценти се Бранд Ферро и Ивана Нацева.

Филмот светска премиера во конкуренцијата за награди на фестивалот „Визии на релноста“ (Visions du Réel) во Нион, Швајцарија, еден од најзначајните за документарни филмови во Европа. Досега е прикажан на 10 фестивали, со 2 награди, а до крајот на годината веќе е поканет на уште многу фестивали. По фестивалската патека ќе започне редовна дистрибуција во повеќе земји, вклучително и во македонската Кинотека.