ЧЕТВРТИОТ ГАЛИЧНИК ФИЛМ ФЕСТИВАЛ СО 33 КРАТКОМЕТРАЖНИ ФИЛМА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Повеќе од 30 филмови ќе бидат прикажани под отворено небо на четвртото издание на Галичник филм фестивал, кој почнува денеска и трае до недела. Во три натпреварувачки програми ќе учествуваат 33 краткометражни филмови, а фестивалот ќе биде затворен со ревијалната проекција на играниот филм „Нешто слатко“ со Сашко Коцев и Јелена Јованов.

Од другите содржини во рамките на фестивалот, Дејан Дуковски ќе ја води балканската работилница за сценарио, а Андреј Волкашин ќе одржи мастерклас за разработување ТВ-серии. Во жирито на фестивалот се Сашко Коцев, Георги Унковски и Елена Станишева.