Режисерот Квентин Тарантино работи на продолжение на неговиот хит-филм „Џанго“ од 2012.
Неговиот најнов, деветти филм „Беше еднаш во… Холивуд“ во киносалите ќе игра од август, но познато е дека тој работи на адаптација на минисеријалот од стрипови што го има напишано и кои покажуваат што се случува со Џанго потоа.
Во продолжението, Џанго ја сместува на безбедно неговата сопруга Брумхилда во Чикаго и работи повеќе работи. Во текот на патувањето се запознава со Зоро (истиот лик кој го играше Антонио Бандерас) и Џанго станува негов телохранител. Филмот е насловен „Џанго/Зоро“.
Со овој проект се шпекулира уште од 2014 година. Ако Тарантино реши да го режира, тоа можеби би бил негов последен филм, со оглед на тоа што со години изјавува дека планира да се повлече по својот десетти филм. Сѐ уште не е познато дали Џејми Фокс и Кери Вашингтон ќе ги репризираат улогите на Џанго и Брумхилда.