ЏЕЈМС ДИН ЌЕ „ОЖИВЕЕ“ ВО НОВА ФИЛМСКА УЛОГА 64 ГОДИНИ ПО НЕГОВАТА СМРТ

Лос Анџелес, (Гардијан)

Холивудската икона Џејмс Дин ќе „снима“ нов филм 64 години по неговата трагична смрт.

Режисерите Антон Ернст и Тати Голих ги откупија правата за користење на ликот на Дин од неговото семејство за да го искористат во филмската адаптација на романот на Герет Крокер, „Finding Jack“. Романот следи војник кој се зближува со лабрадорот Џек за време на Виетнамската војна, но е принуден да го напушти со повлекувањето на американската војска.

Филмаџиите ќе користат постоечки филмски снимки и фотографии за да креираат целосна дигитална верзија на Дин, а друг актер ќе го позајми гласот.

Насекаде баравме совршен актер за улогата, која е карактерно сложена и по неколку месеци потрага, се решивме за Џејмс Дин, Почестени сме што неговото семејство ни даде целосна поддршка и на ова гледа како на негов четврти филм“, вели Ернст.

Дин загина во 1955 година во сообраќајна несреќа откако сними само три филма, од кои два излегоа по неговата смрт.