ВАЈОЛА ДЕЈВИС ЌЕ ЈА ГЛУМИ МИШЕЛ ОБАМА ВО СЕРИЈА ЗА ПРВИТЕ ДАМИ НА САД

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Оскаровката Вајола Дејвис ќе ја глуми поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, во драмската серија „Први дами“ во продукција на кабелската мрежа „Шоутајм“ и продуцентската куќа на Дејвис.

Серијата ќе се состои од едночасовни епизоди и „ќе ѕирне зад кулисите на приватните и професионални животи на интригантните жени Мишел Обама, Елинор Рузвелт и Бети Форд“. Сѐ уште не се објавени имињата на другите две актерки.

„Низ нашата историја, сопругите на претседателите имале исклучително влијание, не само врз лидерите, туку и врз самата земја“, вели Џана Виногрејд од „Шоутајм“.