Џејмс Камерон најави дека „Терминатор: мрачна судбина“ е само почеток на нова трилогија.
Занемарувајќи ги трите филма што излегоа во меѓувреме, „Мрачна судбина“ важи за директно продолжение на „Судниот ден“ од 1991 година, па тој по цели 28 години ќе ги обедини Арнолд Шварценегер (Т-800) и Линда Хамилтон (Сара Конор). Претходно беше потврдено дека и Едвард Фурлонг ќе ја репризира улогата на Џон Конор.
Камерон, кој е продуцент на „Мрачна судбина“, вели дека има планови за уште две продолженија.
„Неколку недели размислувавме каква приказна сакаме да раскажеме за да можеме да ја истакнеме Линда. Кога почнавме да ја развиваме, добивме нешто што изгледаше како филм во три дела, така што ова е една многу поголема приказна. Ако ‘Мрачна судбина‘ помине добро, знаеме точно како да го продолжиме“, изјави Камерон.
Во режија на Тод Филипс, „Терминатор: мрачна судбина“ ќе има светска премиера на 23 октомври.