ЏОН КРАСИНСКИ ГО ПРАВИ ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА ХИТОТ „ТИВКО МЕСТО“

Лос Анџелес, (Дедлајн)

„Тивко место“, еден од најголемите хитови за минатата година, ќе добие продолжение, чиј режисер повторно ќе биде Џон Красински, додека неговата сопруга Емили Блант се враќа во главната улога.

Красински, кој е задолжен и за сценариото, на Твитер потврди дека премиерата на вториот дел е закажана за 15 мај 2020, додека снимањето почнува во јули.

Освен што му донесе неочекувано голем успех на студиото „Парамаунт“, „Тивко место“ е номиниран за Оскар за монтажа на звук, иако во филмот нема многу зборување. Филмот беше направен со буџет од само 17 милиони долари, а на светско ниво заработи 340 милиони.