ЏОНИ ДЕП СЕ ВРАЌА ВО ХОЛИВУД ПО ПЕТ ГОДИНИ ПАУЗА

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Џони Деп ќе направи камбек во Холивуд со акциониот трилер „Day Drinker“, во кој ќе глуми со Пенелопе Круз.

По судењето со бившата сопруга Амбер Херд, што го следеа контроверзи и медиумска помпа, Деп се повлече од Холивуд и работеше во Европа. Глумеше во француската историска драма „Jeanne du Barry“ и го режираше „Modi: Three Days on the Wing of Madness“, кој неодамна имаше премиера во Рим, но тоа не беа комерцијални филмови и беа поддржани од европски инвеститори. Последниот холивудски филм му беше „Минамата“ од 2020.

Во „Day Drinker“, чиј режисер е Марк Веб, шанкерка на крузер запознава мистериозен маж, по што двајцата се заплеткуваат во тајни криминални активности и се поврзуваат на неочекувани начини.

Ова ќе биде четврта соработка на Деп и Крус.

(Фото: Вајримиџ)