ДОМИНИК СЕСА ЌЕ ГО ГЛУМИ МЛАДИОТ ЕНТОНИ БУРДЕН ВО НОВ БИОГРАФСКИ ФИЛМ

Лос Анџелес, (Вараети)

Младата ѕвезда на филмот „Останатите“ (The Holdovers) Доминик Сеса ќе го глуми славниот готвач и патописец Ентони Бурден во биографски филм што ќе го снима студиото „А24“. Во една од главните улоги ќе биде и Антонио Бандерас, но деталите за неговиот лик не се познати.

Филмот насловен „Тони“ ќе се случува во 1976 година, кога младиот Бурден живее и работи во Принстаун, што ќе му го промени животот. Бурден се запишал во кулинарско школо две години подоцна. Снимањето ќе почне следниот месец.

Во актерската екипа се и Елизабет Олсен, Мајлс Телер и Давајн Џеј Рендолф, која лани доби Оскар за најдобра споредна женска улога токму за „Останатите“.

(Фото: Гети)