Британскиот режисер Дени Бојл го опиша откажувањето од 25. филм за Џејмс Бонд како „голем срам“.
Во интервјуто за „Емпаер“, оскаровецот откри дека го напишал сценариото со Џон Хоџ, но продуцентите не биле задоволни со резултатот.
„Сметам дека она што го работевме со Хоџ беше навистина одлично. Не беше завршено, но ќе беше добро… Работевме многу, многу добро, но тие не сакаа да одат по истиот пат со нас “, вели Бојл.
Кери Фукунага го наследи Бојл како режисер на филмот, чија премиера се најавува за април 2020.
„Одлучив да го напуштам проектот. Би било нечесно кон Кери ако кажам што точно се случи. Добив многу фина порака од него и му посакувам сè најдобро. Едноставно, тоа е голем срам“, рече режисерот.