ХЕЛЕН МИРЕН ДОНЕСЕНА КАКО ЦАРИЦА НА ПРЕМИЕРАТА НА „КАТЕРИНА ВЕЛИКА“

Лондон, (Метро)

Британската глумица Хелен Мирен пристигна на премиерата на нејзиниот нов филм „Катерина Велика“ во царски стил, носена на стол со орнаменти од четворица костимирани носачи. Мирен ја игра една од најславните руски царици во новиот филм на Ејч-Би-О.

Седумдесет и четиригодишната оскаровка уживаше во спектаклот кој го приреди во Лондон, а откако еден од носачите ѝ подаде рака да излезе на црвениот килим, таа весело позираше за фоторепортерите.

Фото: Гети

Катерина Втора владеела од 1762 до 1796 и е императорот кој најдолго се задржал на тронот на Руската Империја и тој период многу често се нарекува Златен век.

Во филмот, кој ќе се емитува од есенва, се прикажани нејзините политички ставови и борби, како и љубовниот живот.