Излегувањето на новиот, деветти филм од серијалот „Брзи и бесни“ е поместено за речиси цела година, додека кризата со коронавирусот го погодува и Холивуд.
Насловен „Ф9“, тој требаше да има премиера во мај, но тоа сега е одложено за април 2021.
„Стана очигледно дека ќе биде невозможно нашите фанови низ светот да го гледаат филмот овој мај“, објавија продуцентите.
Дека ситуацијата е сериозна прво стана јасно со одложувањето на премиерата на „Не е време за умирање“, 25. филм за Џејмс Бонд, а ваква одлука деновиве беше донесена и за продолжението на хит-хоророт „Тивко место“, кој требаше да излезе на 20 март.
Најновата информација од Холивуд е дека „Дизни“ ја одложил премиерата на својот нов филм „Мулан“, кој требаше да игра во кината од 27 март.