И КАСКАДЕРСТВОТО ЌЕ СЕ НАГРАДУВА СО ОСКАР ОД 2028

Лос Анџелес, (АП)

По долги години повици да се оддаде признание на уметноста на каскадерството, Филмската академија конечно ќе го воведе овој Оскар. Награда за дизајн на каскадерство ќе дебитира на Оскарите во 2028, на нивното 100. доделување, објави академијата.

„Уште од раните денови на филмот, каскадерите се интегрален дел од филмската работа. Горди сме што можеме да оддадеме признание за иновативната работа на овие технички и креативни уметници“, изјави извршниот директор на Филмската академија Бил Крејмер.

Дизајнер на каскадерство е релативно нова ознака и првпат се појави на шпицата на филмот „The Fall Guy“ од 2024.

Следната година на Оскарите ќе биде додадена уште една нова категорија, за најдобар кастинг.