Киноланецот „Киноверзум“ од Свети Николе ќе работи со салата „Бели мугри“ во Велес со
намена за киноприкажување и во наредните три години, соопшти Општина Велес, во чија сопственост е салата.
„Закупнината е определена во висина од 20.320 денари без вклучен ДДВ. Договорот е склучен на ден 08.04.2026 и ќе трае три години“, ни одговорија од Општината.
„Киноверзум“ започна со прикажување филмови во Велес на 19 јануари 2023. Закупот на техниката и салата беше на три години и заврши годинава, а месечната закупнина изнесуваше 30.707 денари без ДДВ. Салата „Бели мугри“ беше обновена и опремена со нова опрема, во што локалната власт во 2020 вложи 76.000 евра, но три години беше неискористена и немаше кинопроекции.
Деновиве на репертоарот се два големи светски хита, најновиот филм на Стивен Спилберг, „Денот на разоткривање“ и хорор комедијата „Страшен филм 6“.
П. ПЕЧКОВ