ИДРИС ЕЛБА ВЛЕГУВА ВО „БРЗИ И БЕСНИ“

Лос Анџелес, (Индипендент)

Филмовите од серијалот „Брзи и бесни“ привлекоа неколку холивудски ѕвезди да играат негативци, како Шарлиз Терон и Лук Еванс, и тој тренд продолжува во „Хобс и Шо“.

„Вараети“ објави дека Идрис Елба е во финалната фаза преговори да го глуми главниот негативец во филмот, кој ќе се соочи со ликовите на Двејн Џонсон и Џејсон Стејтам.

Режисерот на „Дедпул 2“, Дејвид Лич, ќе работи според сценариото на Крис Морган, постојан соработник на франшизата „Брзи и бесни“. Глумицата во подем Ванеса Кирби („Круна“), исто така, преговара да ја игра сестрата на Шо (Стејтам).

„Добредојде за мојот пријател Идрис Елба во ’Хобс и Шо’. Секој херој е толку добар колку што е добар и неговиот негативец“, напиша Џонсон на Твитер.

Премиерата се најавува на 26 јули 2019 година.