ЌЕ СЕ СНИМА ПЕТТИ ФИЛМ ОД СЕРИЈАЛОТ „ЛУДИОТ МАКС“

Лос Анџелес, (НМЕ)

Австралискиот филмаџија Џорџ Милер најави дека ќе снима нов, петти филм од серијалот „Лудиот Макс“, што ќе се фокусира на ликот што Шарлиз Терон го играше во големиот хит од 2015, „Патот на бесот“.

Mad Max: The Wasteland“ ќе биде приквел на „Патот на бесот“ и Милер потврди дека Терон нема да ја игра помладата верзија на Фјуриоза. Тој се откажал од првичната идеја дигитално да ја подмлади Терон, која ќе биде заменета со помлада актерка, при што се споменува Анја Тејлор-Џој.

Милер планира да го прави филмот откако ќе заврши со продукцијата на својот следен проект „Three Thousand Years of Longing“ со Идрис Елба и Тилда Свинтон.

„Лудиот Макс: Патот на бесот“ беше неочекуван хит на Оскарите во 2016 година, кога се закити со шест статуетки.