Комичарот Конан О’Брајен ќе биде водител на Оскарите во 2025, соопшти Академијата за филмска уметност и наука.
Ова е прв ангажман за 61-годишниот О’Брајен, кој има богата кариера и како водител и како продуцент во телевизиски проекти, како домаќин на најважната филмска вечер во Холивуд.
Претходните две години водител беше телевизиската ѕвезда Џими Кимел.
Деведесет и седмото доделување на престижните филмски награди е закажано за 2 март во Холивуд.