Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје отвори конкурс за продукција на видеоклип од 5 минути од млади филмаџии. Пријавувањето на идеите трае до 13 август.

„За изработениот видеоклип Амбасадата има предвидено соодветен хонорар“, велат од германската амбасада и додаваат дека до 1 август контакт за подетални информации се Катрин Фриинсфелд ([email protected]) и Бјанка Зафировиќ-Орданоска ([email protected]).