КРИСТОФЕР НОЛАН ПАК СЕ ПОИГРУВА СО ВРЕМЕТО ВО СВОЈОТ НОВ ФИЛМ „ТЕНЕТ“ (ТРЕЈЛЕР)

Лос Анџелес, (Индиваер)

Кристофер Нолан повторно се поигрува со времето во својот нов филм.

„Ворнер брос“ го објави првиот трејлер за новиот филм на британскиот режисер насловен „Tenet“, кој по нарацијата потсетува на неговите големи хитови „Мементо“ и „Зачеток“.

Во главната улога е Џон Дејвид Вашингтон, синот на холивудската легенда Дензел Вашингтон, кој направи пробив со „Црниот член на Кју-Клукс-Клан“. Според увидот што го дава трејлерот, тој игра детектив кој истражува необичен случај. Филмот е најавен како акциона приказна за меѓународна шпионажа, а во актерската постава се и Роберт Патинсон, Мајкл Кејн, Елизабет Дебики, Арон Тејлор-Џонсон и Кенет Брана.

Со буџетот од над 220 милиони долари, „Tenet“ е најскапиот филм на Нолан досега.

Светската премиера е закажана за 17 јули 2020.