„М“ НА ВАРДАН ТОЗИЈА ЌЕ СЕ ПРИКАЖЕ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ТРСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
„М“ на Вардан Тозија на 1 ноември ќе биде прикажан на фестивалот на СФ филмови во Трст. Ова ќе биде италијанска премиера на филмот работен по сценарио на Тозија и Даријан Пејовски. Продуценти се Дарко Попов и Вардан Тозија, а филмот е снимен со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и Луксембург, со мнозинска македонска продукција.
Фестивалот во Трст се одржува од 27 октомври до 1 ноември. Оваа година има над 50 меѓународни и национални филмски премиери во три натпреварувачки програми.
Филмот раскажува за осамено момче од шума кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила. Улогите ги играат Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Верица Недеска, Владимир Тулиев, Оливер Митковски, Мирослав Петковиќ, Жаклина Петровска, Благоја Веселинов, Борис Дамовски, Јасмина Билаловиќ, Михајло Миленковски и Тони Михајловски.