Мадс Микелсен ќе го замени Џони Деп во улогата на волшебникот Гелерт Гринделвалд во серијалот „Фантастични ѕверки“, соопшти „Ворнер брос“.
Деп ја напушти франшизата во почетокот на месецот на барање на студиото, откако го изгуби судскиот спор со весникот „Сан“ за текстот во кој беше наречен „тепач на жени“.
Третиот дел од серијалот треба да излезе во лето 2022. Актерската екипа предводена од Еди Редмејн и Џуд Ло веќе почна со снимањето.
Деп имаше само кратко појавување во првиот филм од 2016 година, а потоа беше една од главните улоги во вториот дел од 2018.