МАРГО РОБИ И ЏЕЈКОБ ЕЛОРДИ ЌЕ БИДАТ ЅВЕЗДИТЕ НА НОВАТА ФИЛМСКА ВЕРЗИЈА НА „ОРКАНСКИ ВИСОЧИНИ“

Лондон, (Би-Би-Си)

Австралиските актери Марго Роби и Џејкоб Елорди ги добија главните улоги во новата филмска адаптација на книжевниот класик „Оркански височини“ на Емили Бронте, што ќе го режира оскаровката Емерелд Фенел.

Роби (34) ќе ја игра Кетрин Ерншо, а Елорди (27) ќе биде Хитфлиф и ваквата распределба на улогите наиде на критики на социјалните мрежи, каде што беше опишана како разочарувачка, ужасна и бизарна, имајќи предвид дека главните ликови во романот се тинејџери. Сепак, засега не е познато што планира Фенел зашто не се објавени детали од приказната.

Се очекува снимањето да почне следната година во Велика Британија.

Романот „Оркански височини“ е објавен во 1847 и ги следи семејствата Ерншо и Линтон и нивниот турбулентен однос со Хитклиф, посвоениот син на фамилијата Ерншо.

(Фото: Гети)