Хали Бери вели дека ѝ е смачено да стои сама во историјата на Оскарите. Ѕвездата постигна историски момент во 2002 кога стана првата црна жена што ја освоила наградата за најдобрата главна актерка на Оскарите. Повеќе од две децении подоцна, Бери, која победи за нејзината улога во „Monster’s Ball“, вели дека е „осамена“ што е единствената црна жена која освоила Оскар во категоријата.
Неколку црни актерки го освоија Оскар за најдобра споредна женска улога во текот на годините.
„Се надевам дека оваа година некој ќе застане до мене. Оваа година се надевам дека ќе се случи. Затоа што ми е смачено да го окупирам тој простор сама“, рече Бери. Нејзината победата е еден од најнезаборавните моменти во историјата на Оскарите.
„Сакам да ѝ се заблагодарам на мајка ми која ми даде сила да се борам секој ден за да бидам она што сакам да бидам и ми даде храброст да сонувам, дека овој сон е возможен“, рече на Оскарите во 2002 Бери.
Фото: Гети