АКВАМЕН ГИ ПОБЕДИ БЕТМЕН И СУПЕРМЕН

Лос Анџелес, (Индипендент)

„Аквамен“ ги оправда очекувањата дека ќе стане филм од универзумот на „Ди-Си комикс“ со најголема заработка. Филмот во режија на Џејмс Ван ја надмина заработката на претходниот блокбастер на „Ди-Си“, „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“.

Заклучно со 5 јануари, „Аквамен“ заработи 887 милиони долари на светско ниво, додека, пак „Бетмен против Супермен“ застана на 873 милиони. За овие бројки најзаслужна е Кина, кадешто филмот заработи над 279 милиони долари.

„Аквамен“ за брзо време ги надмина останатите блокбастери од универзумот на „Ди-Си“, како „Лига на правдата“ (657 милиони долари), „Човек од челик“ (668), „Одредот на отпишаните“ (746) и „Вондер Вуман“ (821) и се очекува наскоро да стигне до милијарда долари на светско ниво.