НАД 200 ФИЛМОВИ БЕСПЛАТНО ДОСТАПНИ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА НА „КАТАВЕЈ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Повеќе од 200 филмови можат да се гледаат бесплатно преку онлајн видеотеката Cinesquare, соопшти дистрибутерската куќа „Катавеј“ во рамките на нејзиното приклучување кон кампањата #СедиДома.

„Во време кога вратите на кината остануваат затворени и се препорачува сите да останат во своите домови во обид да се спротивставиме на ширењето на коронавирусот, до крајот на месецот преку платформата Cinesquare нудиме бесплатни играни долгометражни филмови, документарци и кратки филмови за сите корисници на 13 територии“, велат од „Катавеј“.

За пристапот е потребна само регистрација на cinesquare.net или на Андроид апликацијата достапна на Google Play. Повеќе информации за колекцијата на „Катавеј“ има на линкот https://cinesquare.net/#/collection/122/stayhome.

„Не е заборавена ниту најмладата публика за која се достапни филмови со превод, како и синхронизирани филмови, меѓу кои и на македонски јазик. Освен ова, платформата во соработка со Филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија го направи бесплатно достапен и детскиот каталог со промотивен код“, додаваат оттаму.