НАЈАВЕН ПРВИОТ ОД НОВАТА СЕРИЈА ФИЛМОВИ „ГОСПОДАР НА ПРСТЕНИТЕ“

Лос Анџелес, (Вараети)

Питер Џексон и Енди Серкис работат на нов филм „Господар на прстените“, што треба да излезе во 2026 година, објави „Ворнер брос“. „The Hunt for Gollum“ ќе биде првиот во новата серија филмови „Господар на прстените“. Енди Серкис, кој го глумеше Голум во оригиналната трилогија, ќе биде режисер и ќе ја има главната улога, а Џексон ќе биде продуцент.

Сценариото е во рана фаза на развој и Џексон и неговите редовни соработнички Френ Волш и Филипа Бојенс ќе бидат вклучени во секој чекор. Филмот ќе истражи сосема нови приказни“, изјави извршниот директор на „Ворнер брос Дискавери“, Дејвид Заслав.

Студиото уште лани кажа дека постигнало договор за снимање повеќе филмови засновани врз книгите на Толкин, при што Џексон, Волш и Бојенс изразија желба да работат на нив.