ТИТУЛАТА ВИТЕЗ Е ПОДОБРА ОД ОСКАР, ВЕЛИ РЕЖИСЕРОТ РИДЛИ СКОТ

Лондон, (Гардијан)

Режисерот Ридли Скот ја доби титулата Витез на големиот крст за неговиот придонес во британската филмска индустрија.

Осумдесет и шестгодишниот режисер на култни филмови како „Гладијатор“, „Истребувач“ и „Осмиот патник“ го прими признанието од принцот Вилијам на свеченост во замокот Виндзор. Претходно, во 2002 ја доби титулата сер.

„Оваа чест е подобра од Оскар. Прекрасна е. Почестен сум и нокаутиран. Oва е вторпат како ми даваат ваква почест. Само се обидувам да сфатам што сум направил. Знаете, јас само си ја работам работата, претпоставувам дека некој гледа нешто“, изјави режисерот.

Скот досега имаше четири номинации за Оскар, но никогаш не го освои.

(Фото: ПА)