НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРААТ ПЛАТЕНИ КАМПАЊИ, ВЕЛИ АМБЕР ХРД ЗА ПЕТИЦИЈАТА ДА БИДЕ ОТСТРАНЕТА ОД „АКВАМЕН 2“

Лос Анџелес, (Индипендент)

Амбер Хрд ја осуди „платената кампања“ против неа, со која се бара да биде отстранета од продолжението на „Аквамен“. Хрд треба да ја репризира улогата на Хера во вториот дел од блокбастерот од 2018.

Петицијата, која досега собра над милион потписи, ја почнаа обожаватели на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп. Изминатава недела, Деп беше принуден да се откаже од улогата во третиот дел од филмската франшиза „Фантастични ѕверки“. Тоа следеше откако неодамна го изгуби судскиот спор со весникот „Сан“, во врска со текстот во кој беше наречен тепач на жени. Холивудската ѕвезда го тужеше весникот за тврдењата дека физички ја нападнал бившата сопруга Амбер Хрд.

„Платени шпекулации и платени кампањи низ социјалните мрежи не одлучуваат кој каде да глуми затоа што не се поврзани со реалноста. Возбудена сум што ќе снимам следната година“, изјави Хрд.