Седум номинации подоцна, Глен Клоуз останува без Оскар во својата богата кариера, што ја направи најголема губитничка во Холивуд. Седумдесет и едногодишната Клоуз овојпат важеше за фаворитка, дури облече 18 килограми тежок златен фустан, што асоцираше на оскаровска статуетка, но победничкиот говор на крајот го одржа Британката Оливија Колман.

„Глен Клоуз, ти беше мој идол сите овие години! Не сакав вака да заврши“, кажа Колман.

Клоуз сега се израмни со Ричард Бартон во бројот на номинации за Оскар без да го освои. Само Питер О‘Тул има повеќе.

Актери со најмногу номинации:

  • 8: Питер О‘Тул (прва во 1962 година, последна во 2006)
  • 7: Ричард Бартон (1954-1977), Глен Клоуз (1982-2018)
  • 6: Дебора Кер (1949-1960), Телма Ритер (1950-1962), Ејми Адамс (2005-2018)
  • 5: Ајрин Дан (1931-1948), Алберт Фини (1963-2000), Артур Кенеди (1949-1958)
  • 4: Бредли Купер (2012-2018), Вилем Дефо (1986-2018), Мишел Вилијамс (2005-2016), Ед Харис (1995-2002), Анет Бенинг (1990-2010), Барбара Стенвик (1937-1948), Мики Руни (1939-1979)…