НЕДЕЛА НА РОМАНСКИ ФИЛМ ОД 14 ДО 18 ОКТОМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од 14 до 18 октомври во Кинотека на Македонија ќе се одржи „Недела на романски филм“, во чии рамки ќе бидат прикажани три играни и два документарни филмови.

Романската кинематографија доживеа вистински подем во последните две децении, со таканаречениот „нов романски бран“ како водечко движење кое внесе свежина и оригиналност на европската филмска сцена.

Ќе се прикажат документарните филмови: „Меѓу револуциите“ на 14 октмомври, „Арсение, невероjатниот задгробен живот“ на 15 октомври, и играните филмови: „Мамалија“ на 16 октомври (фото), „Дете од војна“ на 17 октомври и „Не очекувај премногу од крајот на светот“ на 18 октомври. Сите проекции започнуваат во 20 часот.