Драмите „Рома“ и „Фаворитот“ собраа по десет номинации за годинашните Оскари и ова се некои од најинтересните факти кои ќе го следат доделувањето на 24 февруари.

  • „Рома“ е првиот филм на стриминг гигантот „Нетфликс“ кој ќе конкурира за најдобар филм на Оскарите.
  • И „Блек Пантер“ испиша историја како прв филм на „Марвел“ и воопшто прв филм за суперхерои кој бил номиниран за најдобар филм.
  • Со заработката од 700 милиони долари, „Блек Пантер“ остварил поголем приход од останатите седум номинирани филмови заедно.
  • Глен Клоуз („Сопруга“) по седми пат е номинирана за Оскар, што е најмногу меѓу живите актер(к)и без да имаат освоено. Ејми Адамс, пак, оди на својата прва победа од шести обид.
  • Јалица Апарисио („Рома“) е номинирана за најдобра актерка за својата прва филмска улога и е прва домородна жена на која ѝ успеало тоа.
  • По оригиналот од 1937 година, ова е втора верзија на „Ѕвезда е родена“ која е номинирана за најдобар филм.
  • Сем Елиот („Ѕвезда е родена“) првпат е номиниран за Оскар точно 50 години од својата прва улога.
  • „Рома“ има можност да стане прв филм со Оскар за најдобар филм и за најдобар странски филм.
  • Македонија е меѓу 87-те држави кои имаа кандидат за најдобар странски филм. На крајот беа селектирани Либан, Германија, Јапонија, Мексико и Полска.