Норвешката семејна комедија „Викторија мора да замине“ на режисерката Гунбјерг Гунарсдотир од денеска (6 март) се прикажува во кината во Скопје и Битола. Филмот, кој е синхронизиран на македонски јазик, е на репертоарот на киното Милениум во Скопје во термините од 16 часот (6 и 7 март) и 18 часот (8 и 9 март), а од 18 часот игра и во Кинотеката во Скопје и во киното Манаки во Битола.
Филмот доби одлични критики во Норвешка, каде што беше опишан како „најзабавниот филм во последните години“ и „Тарантино за 10-годишници“.
Филмот е во дистрибуција на „Катавеј“, со поддршка од Норвешкиот фонд.