НОВИОТ АНИМИРАН ФИЛМ НА „ДИЗНИ“ ЗАБРАНЕТ ВО 14 ДРЖАВИ ПОРАДИ ГЕЈ БАКНЕЖ

Лос Анџелес, (Индипендент)

Новиот анимиран филм на „Дизни“, „Лајтјир“, не добил дозвола за прикажување во 14 држави зашто содржи сцена во која две девојки се бакнуваат. Неизвесно е дали ќе се прикажува и во Кина.

Обединетите Арапски Емирати вчера објавија дека филмот е забранет поради прекршување на медиумските стандарди во земјата. „Дизни“ не успеал да го дистрибуира филмот и во 13 други блискоисточни и азиски земји, како Саудиска Арабија, Либан, Кувајт, Египет, Индонезија и Малезија.

Кинеските медиуми објавија дека слична одлука се очекува и во Кина зашто „Дизни“ не го прифатил барањето на властите да се исфрлат некои делови.

Крис Еванс го позајмува гласот на Баз Лајтјир, инаку лик од „Приказна за играчките“, но контроверзи предизвика ликот на Хоторн (Узо Адуба), која е во врска со девојка и во еден момент се бакнуваат.