НОВИОТ „БЕТМЕН“ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ СНИМА ВО ЛИВЕРПУЛ ПОД НАЈСТРОГИ РЕСТРИКЦИИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лондон, (Скај)

Новиот филм за Бетмен продолжува да се снима во Ливерпул, што е проследено со строгите мерки за заштита од коронавирус во Велика Британија.

Снимањето на „The Batman“ почна во Глазгов на почетокот на 2020, па беше прекинато поради пандемијата на ковид-19. Откако продолжи во септември, медиумите објавија дека холивудската ѕвезда Роберт Патинсон е позитивен на коронавирус, иако „Ворнер брос“ никогаш не го потврди тоа.

Колин Фарел е непрепознатлив како негативецот Пингвин (Фото: МЕГА)

Сега снимањето се префрли во Ливерпул, првиот англиски град каде што на сила стапија новите строги рестриктивни мерки.

Роберт Патинсон првпат е во улогата на Бетмен (Фото: МЕГА)

Портпаролот на градот изјави дека снимањето нема да го загрози здравјето на жителите и дека продукцијата ќе ги почитува сите заштитни мерки.

Фото: МЕГА
(Фото: МЕГА)