НОВИОТ ФИЛМ ЗА БЕТМЕН ДОАЃА ВО ЈУНИ 2021, СЕ БАРА НАСЛЕДНИКОТ НА БЕН АФЛЕК

Лос Анџелес, (АП)

Кој ќе биде во црниот костим, засега не е познато, но следниот филм за Бетмен веќе има датум на премиерата.

„Ворнер брос“ објави дека филмот едноставно насловен „Бетмен“ (The Batman) ќе го режира Мет Ривс и ќе излезе на 25 јуни 2021 година. Во насловната улога повторно требаше да се најде Бен Афлек, но по лошите критики за „Лига на правдата“ и „Бетмен против Супермен“, тој се откажа од ликот.

Ривс, кој се прослави со „Клаверфилд“ и со серијалот „Планета на мајмуните“, ќе биде и сценарист на филмот, кој ќе се фокусира на младите години на Брус Вејн, па потрагата по нов Бетмен допрва ќе почне.

„Ворнер брос“ во исто време најави дека вториот дел на „Одредот на отпишаните“ ќе излезе во 2021, додека „Доктор Слип“, продолжението на хоророт „Сјаење“, доаѓа во ноември оваа година.